Naturalija.mk ја почитува Вашата приватност и ги заштитува Вашите лични податоци согласно законските прописи.

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице, како што се Ваше име и презиме, единствен матичен број, број на лична карта, даночен број, телефонски број, адреса на живеење, електронска адреса итн.

Ве молиме да внимавате во откривање на Вашите лични податоци преку онлајн форуми, со цел да не дојде до нивно прибирање и користење од друга непозната страна, а со тоа се води кон спречување нивно неовластено користење или злоупотреба.

Naturalija.mk ги користи Вашите лични податоци и Вашите профили за да комуницира со Вас. Тоа подразбира:

Ø     Праќање одредени задолжителни известувања , од типот : пораки за добредојде, опомени за плаќање, информации за технички прашања и известувања за безбедност, писма до Вашата електронска адреса за известување во процесот на регистрација за одреден/a нов/a производ/услуга.

Ø     Информативни електронски пораки со цел да Ве запознае со нов производ или услуга.

Натуралија може да врши обработка на Вашите лични податоци врз основа на Ваша согласност во следните случаи:

Ø   Обработка на податоците од страна на партнери од доверба кои работат во име на или со Натуралија, врз основа на договори  за обработка на лични податоци преку кои се обврзуваат на сигурност и тајност на личните податоци.

Ø    Комуникација на деловните партнети со Вас за понуди на производи и услуги на Натуралија. (Партнерите немаат право да вршат обработка на Вашите лични податоци за цели кои не се во согласност со договорената деловна соработка).

Ø   Обработка на Вашите лични податоци од страна на надлежни органи врз основа на судски налог и во судски постапки каде што постои законска основа за тоа.

Ø  Вашите лични податоци можат да бидат дадени на на понатамошна обработка на друго правно лице доколку се промени правниот субјективитет на Натуралија, како припојување или спојување со друга компанија, трансформација на компанијата, отворање на друга компанија со исти сопственици итн. Во тој случај, Натуралија ќе Ве извести за истото пред Вашите податоци да бидат дадени на обработка на новиот правен субјект.

Вие можете во секое време да извршите промена на информациите на Вашиот профил преку пристап до веб страницата.

Исто така ја имате можноста доколку не сакате да одберете да не Ви пристигнуваат одредени известувања и административни пораки.

Пристапот до Вашите лични податоци во Натуралија е ограничен на оние вработени и трговци кои тргуваат преку Натуралија и за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните производи и услуги.